Porsche развива револуционерно гориво, ќе ги задржи класичните мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Во моменти кога сите патози во светот на автомобилите водат кон електромобилноста, се поставува прашање каков е патот на автомобилската индустрија. Се поставува прашање дали децении на развој на моторите со внатрешно согорување ќе се отфрлат и целосно ќе преминат на електричен погон? Или можеби постои алтернативно гориво кое ќе биде доволно чисто, евтино и достапно за сите? Porsche работи на развојот на иднината на двата фронта.

Volkswagen ја презема улогата на пазарен лидер во продажбата на електрични автомобили, под чија капа се наоѓаат и Porsche кој го развива синтетичкото гориво.

Porsche работи напорно на истражување и развој на синтетичкото гориво кое би го заменило бензинот на таков начин што би ги задржало автомобилите кои имаат мотори со внатрешно согорување. Porsche открива дека веќе постои пилот пгорама која вклучува разни класични модели кои користат синтетички горива.

Синтетичкото гориво кое го развива Porsche се добива со комбинирање на водорот со јаглерод кој се наоѓа во воздухот околу нас. На тој начин се добива метанол кој потоа се претвора во замена за бензин. Porsche сака ова синтетичко гориво да го произведува во фабрики напојувани со енергија од ветер и сонце, за да може производството на гориво да се одвива во целост на еколошки прифатлив начин.

Сепак, главниот проблем кој трба да преовладее е цената. Имено, актуелната цена на еден литар од ова гориво изнесува околу десет долари, а целта е цената да се спушти на два долари за да биде исплатливо и за широка употреба.

Извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме рече дека автомобилите со внатрешно согорување ќе продолжат да се возат и во иднина.

„Веруваме дека синтетичкото гориво произведено со помош на 100 отсто обновена енергија ќе биде важен елемент во иднина. Од таа причина произведуваме истражувачка и развојна активност. Дури 70 проценти од автомобилите кои некогаш сме ги произвеле уште возат и уште долга низа години ќе бидат автомобили со мотори со внатрешно согорување. веќе имаме пилот програма која ја движи иконата 911 модели 993, со многу добри резултати“, додаде шефот на Porsche.

Оливер Блуме вели дека патот на развојот на синтетичкото гориво е долг, но е убеден дека тоа ќе се најде во широка примена од 2030 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK