Porsche под истрага поради потрошувачката на гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Германското регулаторно тело за автомобилската индустрија KBA (Kraftfahrt-Bundesamt) започна истрага против Porshce поврзана со сомнежи за лажно прикажување на потрошувачката на гориво на автомобилите од овој бренд.

Како што пренесува угледниот Бизнис Инсајдер, германскиот производител наводно прикажува погрешни односно помали нивоа на просечна потрошувачка на повеќе од своите модели со што значително се крши германското законодавство.

Портпаролог на Porsche во изјава за германските медиуми ја потврди истрагата отворена од KBA, но потенцираше дека Porsche самостојно, на волонтерска основа се пријави за оваа истрага со цел да се разрешат сите дилеми поврзани со потрошувачката.

Од KBA засега се без коментар за оваа истрага и уверија дека ќе излезат со официјално соопштение во оној момент кога истрагата ќе заврши.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK