Porsche планира изградба на фабрика за батерии

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили Porsche планира да започне со изградба на фабрика за батериски ќелии во Германија како поддршка на електрификацијата на својата понуда.

Ова го соопши првиот човек на брендот Оливер Блуме во интервју за Франкфуртер Алгемајне Зонтагцајтунг, кој наведе дека истата ќе се гради во близина на Тубинген. “Батериските ќелии се клучна технологија за германската автомобилска индустрија па оттука мораме да ја имаме во нашата земја” изјави Блуме.

Тој вели дека европските производители работат на редуцирање на нивната зависност од азијските во поглед на производството на електричните возила. Оттука оваа одлука за изградба е целосно неопходна.

Porsche и понатаму ќе продолжи да набавува батерии од Volkswagen Group, но со изградбата на сопствена фабрика, не само што ќе ја зголеми и независноста туку ќе придонесе и за развој на оригинални технологии кои ќе овозможат градење на конкурентска предноста во однос на конкурентите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK