Porsche оди против трендот – моторите со внатрешно согорување ќе останат

ОБЈАВЕНО НА:

Од ден на ден електричните автомобили стануваат се повеќе и повеќе популарни. Доказ за тоа е трендот на зголемување на нивната продажба кој се забележува во повеќе водечки пазари.

Иако речиси сите производители на автомобили ги открија своите амбициозни планови за развој и/или продажба на електрични автомобили, а многумина сметаат дека иднината е во овие автомобили, од Porsche имаат поинакво убедување.

Оттаму тврдат дека моторите со внатрешно согорување се реалноста и ќе останат уште долго во продажба. Ова го изјави шефот на германскиот производител Оливер Блуме кој во едно интервју изјави дека моторите со внатрешно согорување со помош на енергијата добиена од обновнили извори има потенцијал дда одигра многу важна улога во иднината.

“70% од автомобилите кои сме ги произведеле сеуште се на улиците и уште многу години ќе бидат” изјави Блуме. И покрај оваа изјава, Porsche продолжува да работи на електрификација на својата гама која до 2025 година треба да ги опфати сите модели во понудата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK