Porsche Macan инспириран од Taycan

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот магазин AutoBild објави видео со скици од можниот изглед на новата генерација на моделот Porsche Macan.

Неофицијалниот рендер покажува дека втората генерација на Macan ќе ја задржи формата, но дизајнот во целост е инспириран од првиот, целосно електричен модел на Porsche, моделот Taycan.

Засега нема точни информации кога ќе биде претставена втората генерација која треба да ја замени актуелната која датира уште од 2014 година. Според пишувањата на поедини германски медиуми, премиерата на моделот треба да се случи во втората половина на годинава, а во сериско производство Macan ќе се најде на почетокот на следната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK