Porsche ќе биде новиот сопственик на Lamborghini

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на следната година Audi ќе ја отстапи контролата над Lamborghini на Porsche. Ова го објавуваат од Automobile Magazine, а според списанието од САД промената на сопственоста над италијанскиот бренд ќе биде финализирана на 1 јануари во 2019 година. Целта на VW Group е да ги унифицира во највисокиот можен степен спортските автомобили, кои се произведени од компаниите под капата на концернот.

Планираното унифицирање на производството може да прерасне во проблем за Lamborghini, чии инженери веќе имаат голем напредок во проектирањето на наследниците на Aventador и Huracan. Според идејата новите модели ќе имаат заедничка архитектура на монококи од јагледорните нишки.

Промоцијата на Aventador е планирана за 2022 година, а проектот веќе се наоѓа во доста напредна фаза. Тоа значи дека VAG нема голем избор освен да се помири со ограниченото влијание на Porsche во проектот, кој предвидува хибридна јинбубацуха си два електромотори напред, атмосферски V12 со трансмисија Getrag со двојкна спојка и трет електромотор на задниот мост. Според првичните проценки, моќноста на системот на автомобилот ќе надминуа 1000 коњски сили.

Тоа не е случај со наследникот на Huracan. Ако Lamborghini стане сопственост на Porsche на почетокот на следната година, плановите за помалиот модел на компанијата можат да претрпат сериозни промени и карбон конструкцијата да го отстапи целосно местото на новата алуминиумска модулна платформа која ќе биде користена за сите идни спортски автомобили на VAG.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK