Porsche ја одреди цената за електричниот Taycan

ОБЈАВЕНО НА:

Taycan ќе биде адутот на германскиот спортски прозиводител Porsche во сегментот на спортски електрични автомобили. Иако се уште далеку од сериско производство, сепак од Porsche ја откриваат цената на овој модел.

Цената на овој модел кој во 2015 година дебитираше како концепт под името Mission E, ќе изнесува 80.000 евра. Оваа го потврди еден од директорите на германскиот производител, а цената се однесува за германскиот пазар. Со оваа цена, електричниот модел ценовно ќе се смести помеѓу Porsche Cayenne и Porsche Panamera кој ќе чини помалку од Taycan.

Според информациите, Taycan до 100 км/ч. ќе забрзува за помалку од 3,5 секунди благодарение на двата електрични мотори кои продуцираат повеќе од 600 КС. Максималната брзина која може да ја постигне овој автомобил изнесува 249 км/ч, а со едно полнење ќе може да помине речиси 500 км.

Назив Taycan доаѓа од турскиот јазик и преведен значи “Жив млад коњ”. Продажбата се очекува да започне кон крајот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK