Поранешниот претседател на Tesla ги продаде акциите во компанијата – заработи 247 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот претседател на автомобилската дивизија на Tesla, Жером Џуилен ги продаде сите свои акции кои ги поседуваше во оваа компанија, пренесуваат американските медиуми.

Овој 48 годишниот Французин од продажбата инкасираше 247 милиони американски долари, пренесува Комисијата за хартии од вредност на САД. Комисијата наведува дека продажбата е направена во три трансакции, а последната е реализирана на 15 јуни и му донесе 129 милиони долари.

Аналитичарите сметаат дека овој потег може да ги вознемири идните инвеститори и го оценуваат како неповолен за американската компанија.

Овие акции Џуилен ги стекна како дел од менаџерскиот договор, а според истиот тој имаше можност да купува акции од Tesla по далеку пониски цени од пазарните.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK