Поранешен вработен на Tesla ќе плати 400.000 долари – издавал тајни кај медиумите

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешен вработен во Tesla ќе мора да му исплати 400 илјади долари на американскиот производител поради издавање на деловна тајна.

Станува збор за вработениот Мартин Трип кој спротивно на договорот издал неколку тајни поврзани со доцнењето на производството во фабриката на Tesla во Невада.

Овие информации тој ги оддавал на американски медиуми во 2017 и 2018 година поради што американскиот производител се одлучил да отвори истрага, а следствено на тоа и започне судски процес.

Техничарот Трип ќе мора да плати и 25 илјади долари откако претходно испратил и мејл известувања до медиумите дека Tesla нема да биде во можност да го исполни производството од 5 илјади примероци од моделот 3 на неделно ниво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK