Поради убиство од пред 26 години одложена е премиерата на Ford Bronco

ОБЈАВЕНО НА:

Ford Bronco мора да брка трета среќа откако по втор пат беше одложена премиерата.

Овој нов SUV кој беше најавен уште во 2018 година требаше премиерно да биде претставен во март годинава, но премиерата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.

На почетокот на овој месец американскиот произвдоител ја најави премиерата за на 9 јули надевајќи се дека пандемиајта ќе ја изгуби својата сила. Сепак, премиерата е повторно одложена и презакажана за на 13 јули.

Причината за оваа одлука е повеќе од банална. Токму на 9 јули роден е О Џеј Симпсон, кој во 1994 година со бел Ford Bronco и бегаше на полициајта поради убиство на својата сопруга. Тој тогаш предизвика голем интерес кај американските медиуми, а моментот од бркањето по автопатишата во САД беше директно емитуван на неколку телевизии.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK