Поради Трамп, Volvo го сели производството од Кина во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Како последица на воведувањето на дополнителни увозни царини на возила увезени од Кина, шведскиот производител Volvo донесе одлука за преселба на производството на XC60 од Кина во Европа.

Оваа одлука се однесува само на моделската изведба која е наменета за пазарот во САД што значи дека останатите изведби од овој модел кои се наменети за ЕМЕА регионот останува да се произведуваат во Кина.

“Ние ќе го увезуваме XC60 во САД од нашите фабрики во Европа, а во Кина ќе се продолжи да се произведува за останатите пазари” изјави првиот човек на Volvo, Хакан Самуелсон за Ројтерс.

Oпција која е во игра е и преселба на производството на XC60 во САД и тоа во Северна Каролина каде од 2021 година треба да започне производството на XC40. Сепак за спроведување на оваа одлука потребни се дополнителни инвестиции, а производството не може да започне преку ноќ што значи дека е потребно повеќе време т.е. неколку години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK