Поради корнавирусот во Европа се произведени 1,2 милиони помалку возила

ОБЈАВЕНО НА:

Според податоците од Асоцијацијата на автомобилски производители на Европа (ACEA) од почетокот на кризата со коронавирусот има намалување на бројот на произведени возила во ЕУ (автомобили, лесни камиони, камиони и автобуси). Тоа намалување е 1.198.945 единици. Здружението изработи и интерактивна мапа на влијанието на коронавирусот врз производството на автомобили и влијанието врз работните места.

ACEA објавува дека просечното прекинато производство на опрема за производство на автомобили во Европа е 15 дена, при што податоците покажуваат најголем пад во Германија – 359.287 автомобили помалку. На второ место со пад на производството од 237.806 единици е Шпанија, а на третото место е Франција со минусно салдо од 103.280 возила.

Во исто време, податоците на ACEA покажуваат дека, во моментот пандемијата COVID-19 влијае на животите на 568.518 работници во автомобилскиот сектор во Германија, 90.000 во Франција и 69.312 во Италија, а вкупниот број погодени работници во автоиндустријата е 1.087.293 луѓе.

Вкупно 2,6 милиони луѓе се директно во производството во авто индустријата во ЕУ и има 229 фабрики во регионот на ЕУ. Директно и индиректно кризата опфаќа 13,8 милиони луѓе во ЕУ. Тоа е 6,1 отсто од сите работни места во ЕУ.
Моторните возила носат околу 428 милијарди евра во даноци во 15-те земји на ЕУ, а автомобилската индустрија генерира трговски суфицит од 84,4 милијарди евра за ЕУ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK