Поради фабрички грешки наредено повлекување на Ford Mustang

ОБЈАВЕНО НА:

Американската агенција за безбендост во сообраќајот (NHTSA) нареди итно повлекување на моделот Ford Mustang поради фабричка грешка.

Станува збор за грешка поврзана со носачите на педалите за кочење поради што постои веројатност за откачување на истите.

Според соопштението на компанијата, спорни се околу 38.000и примероци произведени во периодот од 4 март 2019 до 13 август 2020 година. При тоа, исклучок се примероците произведени во овој период кои се опремени со рачен менувач.

Повлекувањето ќе започне во првата половина на овој месец, а ќе го спроведе во Ford, со што трошокот во целост ќе падне на “грбот” на американскиот производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK