Половен Ford GT се продава за 1,2 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку сте љубител на Ford GT и сакате да станете сопственик на еден од 500-те произведени примероци сега имате одлична шанса.

Се што ви е потребно се најмалку 1,2 милиони евра и да отпатувате во Германија каде на аукција ќе се продаде овој модел произведен минатата година.

Овој модел е опремен со 3.5 литарски V6 мотор со седумстепен автоматски менувач. Располага со 647 КС, а до стотка развива за 3,3 секунди што го прави најмоќен модел на Ford. Автомобилот е лакиран во Ingot црвена боја со бели линии преку каросеријата додека пак внатрешноста е опремена со Dark Energy пакетот на опрема.

Инаку ова не е прв пат овој модел на Ford да се најде во центарот на вниманието. Претходно, во мај годинава идентичен модел на аукција беше продаден за 1.8 милион американски долари, а во октомври годинава американскиот производител поради ризик од пожар ги повлече сите автомобили од овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK