Полицијата пак во акција: Казнети 96 возачи на автопатот Куманово – Скопје – Велес

ОБЈАВЕНО НА:

Ако помисливте дека полицијата се умори од казнување и „поставување заседи“ со радари на патиштата, тогаш мора да ве потсетиме дека акциите за засилени контроли во сообраќајот се уште функционираат. И се уште постојат возачи што не се придржуваат до сообраќајните правила и пропишаните брзини.

Денеска мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 96 возила.

Една четвртина (21 возач) од санкционираните возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Сите добиле прекршочни пријави и покрај паричната казна им следува и забрана за управување со моторно возило.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK