Полицијата „му одржа лекција“ на совозач што снимал сообраќајка (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте сведок на сообраќајна несреќа логично е да помогнете, иако има и такви што прво се фаќаат за мобилниот и сакаат да направат снимка. И потоа истото да го постираат на социјалните мрежи. Но, ова однесување е казниво особено во Германија.

Еден совозач на автомобил доби вистинска лекција од полицијата додека тие вршеле увид во сериозна сообраќајка на автопат. Кога полицијата забележала дека наместо да продолжи, автомобилот подзастанал и почнал да ја снима сообраќајката, тие веднаш тргнале кон автомобилот.

Возачот прво давал отпор, но откако полицијата се уверила дека тој навистина снимал или сликал, веднаш го привеле. А начинот на приведување, баш и не бил пријатен за совозачот во автомобилот. После ова веројатно лекцијата ќе му биде научена и повторена, и секако запаметена засекогаш.

Полицијата смета дека сликањето или снимањето е крајно неетичка и несовесна постапка па оттука одлуката за казнување на таква постапка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK