Подновениот Duster за Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia како бренд не е застапен на пазарот во Индија, но затоа тука е Renault кој ги користи возилата на романскиот бренд за настап на овој пазар.

Токму деновиве во Индија е популарен моделот Renault Duster кој доби редизајнирана верзија.

Екстериерно, овој подновен Duster доби хромирана маска, нови рпедни светла со LED дневни светла, дискретно изменета хауба, редизајниран преден браник, нови кровни носачи како и нови алуминиумски фелни.

Во внатрешноста новитет е унапредениот инфотејнмент систем, подновената централна кнзола како и хромираните детали.

Претходно, романските медиуми пишуваа дека романската компанија во наредниот план ќе инвестира 100 милиони евра со цел да се поднови понудата на Dacia, вклучувајќи го и новиот Duster како и поголемиот SUV модел кој ќе се базира на новиот Duster.

Тоа значи дека овој редизајн е достапен само во Индија и истиот, како таков нема да биде дел од европската понуда на Dacia.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK