Почнаа нарачките за VW Taigo и Polo GTI

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen пушти два нови модели, а Taigo SUV Coupe веќе може да се конфигурира и да се порача. Заинтересираните купувачи можат да порачаат и Polo GTI.

Taigo се нуди во четири различни линии на опрема. Како дополнување кон подигнатото место за седење, модерниот модел нуди стандардно дигитална кабина, најновите решенија за конекција, плус делумно автоматизирано возење, системи за помош и удобност, кои според VW ја зголемуваат соодветноста за долги патувања и безбедност. Цените во Германија почнуваат од 19.350 евра.

Новото Polo GTI исто така веќе може предвреме да се порача за цени кои почнуваат од 30.300 евра. Најспортската верзија на веќе не така малиот автомобил е опемен со дволитарски TSI мотор 152 кВт/207 коњски сили и 350 Нм вртежен момент.

Автомобилот е и со специјално подесена спортска шасија. Делумно автоматизирано возење, матрични LED фавори плус користење на помошни и удобни системи од повисоките класи на превозни средства исто така треба да обезбедат повеќе безбедност и удобност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK