Почна новата наградна игра на Макпетрол – „Верна – една и единствена“

ОБЈАВЕНО НА:

Денеска започна 6-тата по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност, „Верна - една и единствена“ и ќе трае до 10 декември 2021 година. Главна награда е Honda Jazz Hybrid

Март е месец кога вообичаено Макпетрол ја почнува својата традиционална наградна игра која трае до крајот на годината, и е најбогатата наградна игра што се организира во Македонија.

Во овој тежок период на пандемија сакаме да им бидеме поддршка на нашите верни купувачи и барем за момент да бидеме причина за нивна насмевка. Токму затоа и во овие отежнати услови наградната игра продолжува, како резултат на нашиот стремеж секогаш да ги ставаме потребите на нашите купувачи во центарот на нашата работа, се вели во соопштението компанијата по повод почнувањето на играта.

Следејќи ги светските трендови во нафтениот бизнис секогаш се трудиме да го обезбедиме најдоброто, како преку нашите горива, така и преку услугата и комуникацијата со потрошувачите.

Како и во десегашните Верна наградни игри, условите за учество остануваат непроменети. Со најмалку 10 поени впишани на Вашата Верна картичка, ќе бидете потенцијален добитник на лаптоп DELL, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени.

Ќе ги доделиме следните главни награди: скутер Honda, моторцикл Honda, гумен чамец комплет со приколка и мотор Honda и финалната мастер награда – современата Honda Jazz Hybrid.

Оние потрошувачи кои сеуште не извадиле Верна картичка, тоа можат да го сторат уште денес, со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција со стекнати 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Верна – една и единствена“.

Само на бензинските на Макпетрол. Kолку повеќе полниш толку повеќе добиваш!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK