ПОБРЗАЈТЕ: Од летово ќе се наплаќа влез во Венеција

ОБЈАВЕНО НА:

Ако не сте ја посетиле Венеција, тогаш следните неколку месеци е добар период за тоа бидејќи од летово ќе се воведе наплата на влезница во градот. Одлуката за наплата за влез во Венеција беше одобрена од регионот Венето уште во 2019 година.

Но, по таа одлука дојде пандемијата на корона вирусот, а одлуката беше одложена за 1 јули 2021 година. За време на пандемијата, Венеција се соочи со необична ситуација да остане без туристи. Градоначалникот Луиџи Брунјаро дури апелираше до туристите да се вратат во градот веднаш штом ќе бидат укинати ограничувањата воведени поради пандемијата на корона вирусот.

Тогаш воведувањето на надоместокот беше одложено за јануари годинава, но одлуката беше одложена за летово бидејќи, според извештаите, премините не биле навреме обезбедени, што ќе го ограничи бројот на туристи кои можат да влезат во Венеција дневно. а се уште не е детално утврдено кој се влегува во таа категоријата на оние кои треба да платат билет, а кои не.

„Ова е првиот град во светот, единствениот град кој ќе се обиде на овој начин да даде конкретен одговор на преголемиот број туристи во одредени периоди од годината“, изјави Симоне Вентурини, Туристичка организација на Венеција.

„Како жител на Венеција, се плашам дека влезот ќе направи овој град да стане нешто што не личи на град. Мислам дека тоа воопшто нема да влијае на бројот на туристи и ќе биде неефикасно“, вели жител на Венеција.

Одлуката предвидува жителите на Венеција како и оние кои поседуваат имот во градот да не плаќаат влез во градот кој треба да чини од три до девет евра со задолжителна резервација, а таксата зависи од очекуваниот број на влегувања и од денот во неделата.

Категоријата која нема да плати влез во Венеција ги вклучува вработените, студентите, оние кои доаѓаат во Венеција од здравствени причини, полицијата и војската, спортистите кои се во градот за спортски натпревари, оние кои треба да присуствуваат на судење или да ги посетат затворениците, оние кои живеат во регионот Венето, како и луѓето кои престојуваат во хотели бидејќи веќе го плаќаат данокот.

Венеција, која има околу 50.000 жители, тешко може да се справи со бескрајниот прилив на туристи од дваесет милиони годишно, ќе биде првиот град што ќе го воведе овој експериментален систем дизајниран да не го намалува бројот на туристи, туку да овозможи подобро движење на луѓето низ градот и го зголеми квалитетот на туризмот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK