По 27. пат: Го избираме „Автомобил на годината во Македонија“

ОБЈАВЕНО НА:

Во завршната фаза од Изборот за „Автомобил на годината во Македонија“, публиката (читателите) има можност да го каже своето мислење и да одберат еден од осумте финалисти.

Во тек е 27. Избор за „Автомобил на годината во Македонија“, и согласно правилата, во изборот учествуваат професионални новинари кои ја следат проблематиката во автомобилската индустрија, еден глас доаѓа од финалистите (тие гласаат за еден автомобил, само не за својот) и еден глас доаѓа од публиката.

Гласањето е одвива преку платформата на Националното Жири, а тоа е www.coty.mk каде покрај тоа што има кратко објаснување за сите финалисти, поставено е и гласање за еден од финалистите, а ги има осум. На сајтот на www.coty.mk поставени се и сите архивски информации за претходните избори и сите победници.

За годинешниот избор можете да гласате на следниот линк – https://coty.mk/#votenew

Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2022 во Македонија, Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија уште во јануари ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):
BMW iX
Dacia Sandero
Honda Jazz
Hyundai Tucson
Kia Sorento
Opel Mokka
Toyota Yaris Cross
Volkswagen ID.3

Прогласувањето на победникот треба да биде во првата половина од март 2022 година.

Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 27. пат го организира Изборот, и истиот е најстар и единствен Национален Избор.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието
* „СУВ автомобил на годината“
*„Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
* EV на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK