По 165 години: Брендот Holden замина во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

По 165 години функционирање, производителот на автомобили Holden кој беше еден од многуте брендови на General Motors згасна на 31 декември 2020 година.

Австралискиот производител со седиште во Мелбурн со првите потешкотии се соочи на почетокот на новиот милениум кога беа спроведени неколку планови за реструктуирање на компанијата кои се покажаа подоцна како погрешни.

GM имаше проблем да ја обезбеди и логистиката на производството, а долги години Holden произведуваше компоненти за останатите фабрики на автомобили во Австралија и Нов Зеланд. Сепак откако Ford ги затври своите фабрики во оваа земја, Holden се соочи со големи проблеми.

Во 2019 година Holden оствари голем пад на продажбата продавајќи само 43.176 примероци со што беше десетиот најпродаван бренд. Сепак треба да се напомене дека во периодот од 2002 година па се до 2015 година овој бренд беше во континуитет во топ 3 најпродавани брендови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK