Пластиката од морето ќе се вградува во малите хибридни модели на Fiat

ОБЈАВЕНО НА:

Зачувувањето на животната средина отсекогаш била примарна цел, а сега постојано се изнаоѓаат начини за што почесто користење на материјали што може да се рециклираат. Пластиката е нешто што во моментов е голем проблем бидејќи периодот на распаѓање е многу долг. Затоа и нивното рециклирање е особено корисно.

Пластичниот отпад од океаните ќе се рециклира за внатрешни делови на автомобилите. Пример се возилата Fiat 500 и Fiat Panda Hybrid во основна верзија. На пример капаците на седиштата се направени од иновациски материјал за рециклирање, дел кој е направен од пластичниот отпад собран од морето. Покрај тоа производителот засади пет дрва за секој Fiat 500 Hybrid или Fiat Panda Hybrid.

Малите автомобили ја прават ефективната, но и евтина леснохибридна технологија достапна за широкиот аудиториум. Решавачката предност е значително намалената потрошувачка на гориво и независноста од надворешните станици за полнење. Fiat 500 Hybrid и Fiat Panda Hybrid трошат во просек 4,1 литри на 100 километри, што одговара со емисиите на CO2 од 93 грама на километар, според производителот.

При пуштање на пазарот и двата модели ќе бидат достапни и во особено добра опремениот „Launch Edition“. Специјалните модели можат да бидат препознаени на прв поглед со еклузивната боја Tau Green.

Стандардната опрема на Fiat 500 Hybrid “Launch Edition” и Fiat 500C Hybrid “Launch Edition” го вклучува и системот за забава UconnectTM 7 ” HD Live, кој има сензорски 7-инчен екран со висока резолуција. Системот нуди Bluetooth контролиран систем без раце, можност за аудио стриминг, функција за читање на текст, USB конекции за надворешно складирање на музика како iPods и копчиња за управување на воланот.

„Launch Edition“ на новиот Fiat Panda Hybrid нуди и навлаки за седишта, изработени од особено еколошкото „морско предиво“. Стандардната опрема на Hybrid Fiat Land „Launch Edition“ и Fiat Panda Hybrid City Cross Plus вклучува фарови со интегрирани светла за магла, и влошки на браниците во боја на каросеријата. Радиото Uconnect Mobile е надополнето со држач за паметни телефони, што овозможува полесно да се користи како уред за навигација. Исто така е можен стриминг за музика или аудио книги преку безжична врска Bluetooth.

Погонскиот систем на Fiat 500 Hybrid и Fiat Panda Hybrid е идентичен: тој користи трицилиндричен мотор на бензин со атмосферско полнење, кој генерира 51 кВт/70 коњски сили од литар работен обем. Тој е комбиниран со стартер-генератор (RSG), кој е поврзан со коленесто вратило преку систем на ремени и во зависност од ситуацијата работи и како генератор за моќност. И двата меки хибридни модели ја исполнуваат класата за емисија на Euro 6d.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK