План за Лондон: До 2025 година 50.000 EV полначи

ОБЈАВЕНО НА:

Властите на Лондон планираат да го направат овој град светски лидер во поглед на мобилноста и нулта емисијата на штетни гасови од возилата. За реализација на овој амбициозен план меѓудругото, до 2025 година ќе бидат поставени речиси 50 илјади полначи за батерии за електричните автомобили низ различни делови на Лондон и предградието на најголемиот британски град.

Од вкупниот број на полначи, од 2.300 до 4.100 ќе бидат супер полначи, а останатите ќе бидат од стандарден тип. Првите супер полначи ќе бидат поставени низ повеќе делови од градот уште следната година.

Претходно, градските власти донесоа забрана за движење со возила во одредени делови од градот како и забрана за движење на сите возила со дизелски и бензински мотори.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK