Peugeot возеше низ САД – Американците се чудеа

ОБЈАВЕНО НА:

Жителите на Детроит се соочија со несекојдневна глетка. Peugeot 3008 се возеше низ улиците на овој град. Сето тоа предизвика најразлични реакции, а генерално сите реагираа позитивно со доза на симпатичност.

Помладите и не толку упатени околу автомобилизмот се чудеа за тоа на чиј бренд припаѓа овој автомобил, оние поупатените со насмевки го следеа секое негово движење, гледајќи како нешто “свежо” на американскиот пазар.

И да, за прв пат од раните 90те Peugeot автомобил се возеше во САД, а тоа е дел од планот за враќање на овој бренд на американскиот пазар. Уште пред две години е формирана компанијата преку која е се дристрибуираат возилата во САД, а минатата година беше избрано и седиштето на компанијата.

Неофицијално се дознава дека првите Peugeot автомобили ќе бидат испорачани кон крајот на годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK