Peugeot подготвува plug-in хибридна изведба на моделот 508 со 300 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Само неколку месеци по официјалната премиера, Peugeot и тоа како го посветува своето внимание на моделот 508. По краванската изведба, францускиот производител подготвува уште еден новитет кога е во прашање овој модел.

Следејќи ги трендовите, наскоро Peugeot ќе лансира plug-in хибридна изведба на 508 која ќе располага со 300 КС. Во основата на оваа изведба ќе се наоѓа 1.6 литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри и осум степен автоматски менувач. Оттука, 200 КС ќе се продуцираат од основниот мотор додека дополнителните 100 КС ќе ги продуцира електричниот мотор. Новост кај оваа изведба е погонот на четири тркала.

Литиумско-јонската батерија треба да обезбеди домет од 50 км. Оваа батерија која ќе биде вградена во оваа моделска изведба нема да влијае врз просторот, па Peugeot 508 и натаму ќе нуди голема пространост во внатрешноста на возилото.

Повикувајќи се на инсајдерски извори, магазинот Autocar пренесува дека оваа изведба ќе се појави следната година, и додава дека на саемот во Париз во октомври годинава францускиот производител ќе претстави изведба на 508 со 1.6 литарски четири цилиндрен мотор кој во моментов се користи кај GTi изведбата на 308.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK