Peugeot 508 Sport Engineered доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на март годинава Peugeot објави дека Sport Engineered изведбата на моделот 508 ќе влезе во сериско производство без да потенцира кога тоа ќе се случи.

Сега, по само два месеци францускиот производител официјално потврди дека оваа изведба во производство ќе влезе во текот на следната година.

Овој автомобил ќе го придвижува PureTech 200 1.6 литарски бензински мотор кој доаѓа во комбинација со два електрични мотори. Првиот е сместен на предниот дел од автомобилот и развива моќност од 110 КС, додека другиот кој продуцира 200КС е сместен на задниот дел од автомобилот. Бензинскиот и првиот електричен мотор се задолжени за придвижување на предната, а другиот електрилчн мотор за задната осовина.

Иако засега е рано да се објави цената, сепак Automobile Magazine наведува дека таа ќе биде во рамките на конкурентите Audi S4 и Mercedes AMG C43.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK