Peugeot 3008 во Македонија – во понудата бензин, дизел и плаг-ин хибрид

ОБЈАВЕНО НА:

Најновиот модел во гамата на францускиот производител Peugeot 3008 отсега е достапен и во Македонија во салоните на Еуроимпекс. И од самиот старт клиентите може да изберат или мотор со внатрешно согорување (бензин или дизел) или плаг-ин хибрид.

Надворешната линија на новиот Peugeot 3008 го истакнува неговиот наметлив карактер со одлична избалансираност помеѓу моќ и префинетост, а неговиот нов преден дел му дава впечатлив индентитет.
Со сега обновениот Peugeot i-Cockpit®, кој гарантира најдобра ергономска позиција за возење во гамата, искуството при возење во новиот PEUGEOT 3008 е навистина интуитивно, а елементите се така поставени, за уште поголемо Ваше уживање и едноставно користење.

Неговиот компактен мултифункционален управувач овозможува многу повеќе сензации а истовремено и лесно маневрирање. Новиот 10″ екран на допир е комбиниран со 3D навигација со говорна команда и multi-touch технологија.

Функцијата за “Night Vision” е достапна во новиот 3008 каде при ноќно возење, со инфрацрвена камера ќе детектира присуство на пешаци или животни до 200m пред возилото, надвор од опсегот на предните светла и ќе Ве предупреди со сигнал за тревога.

Истовремено напредниот “Grip Control” е пакет кој се состои од оптимизирана контрола на тракцијата, конкретни пневматици и функцијата “Hill Assist Descent Control”. Овозможува да го прилагодите држењето во различни услови: снег, кал, песок.

Елегантните хромирани Toggle дирки овозможуваат брз и интуитивен пристап до различните функции за удобност. Конфигуративниот висококвалитетен head-up дигитален дисплеј, може лесно да се прилагоди што значи дека возачот не мора да го тргне погледот од патот.

На plug-in хибридната верзија, PEUGEOT i-Cockpit® вклучува дисплеј кој Ви овозможува да имате прегледност на специфичните информации за возење на иструмент таблата во Вашето видно поле (режим на возење, електричен мерач на нивото на полнење и преостанат електричен опсег) и на екранот на допир, статистика за потрошувачка на енергија (електрична и гориво).

Новиот Peugeot 3008 означува почеток на нова смела ера на современост!

Повеќе информации за моделот на: https://peugeot.mk/vozila/peugeot-3008

Ценовник – https://peugeot.mk/media/showrooms/3008/cenovnik3008_new.pdf

Соопштение на Еуроимпекс

Следете не и на:

24AUTO NETWORK