Петгодишно дете го пријавило татко си за минување на црвено на семафор

ОБЈАВЕНО НА:

Родителите секогаш треба да бидат пример за своите деца и да ги учат на вистинските вредности и начин на однесување во сообраќајот. А кога вие правите прекршок тогаш нормално е некогаш да бидете предупредени од своите деца додека ги возите. Но, еден петгодишник од Берлин отишол чекор понатаму – го пријавил таткому на телефон во полиција.

Момчето се јавило на бројот во итни случаи број 110 за да се пожали за неговиот татко кој неколкупати минал на црвено светло на раскрсница.
„Чуварите на редот“ веднаш го повикале бројот од кој е извршен повикот. Им одговорил таткото, кој прво се извинил за повик на бројот за итни случаи.

На барање на полицијата, тој му го дал телефонот на својот син.

Петгодишникот тогаш, со критичен тон, им кажал на полицајците дека неговиот татко поминал со автомобилот двапати преку црвено светло и дека полицијата треба да го затвори.

Во разговор со детето, полицијата успеала да го убеди дека не е потребно татко да дојде на патрола, како што тоа го бараше момчето.

А таткото, па тој во иднина сигурно ќе внимава многу повеќе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK