Пеп Гвардиола е нов бренд-амбасадор на Nissan

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најдобрите тренери и поранешен фудбалер Пеп Гвардиола потпиша договор со Nissan и во наредниот период ќе биде бренд-амбасадор на јапонскиот производител.

“Чест ми е да соработувам со Nissan” стоеше во краткото соопштение објавено од страна на шпанскиот стратег. Роел де Врис, директорот за маркетинг на Nissan потсети дека Nissan од 2014 година соработува со Манчестер Сити, тимот каде Гвардиола работи и потенцираше дека соработката и со Гвардиола и со фудбалскиот клуб ќе продолжи во иднина.

Гвардиола покрај финансиски надоместок ќе добие и автомобил Nissan кој ќе треба да го вози на специјални настани. Исто така тој ќе се појавува и во реклами и други маркетинг кампањи организирани од страна на Nissan.

Овој договор со Гвардиола следи само три дена откако Nissan го продолжи спонзорскиот договор со Манчестер Сити.

Инаку Nissan покрај на Манчестер Сити, спонзор е и на фудбалските клубови Њу Јорк Сити, Мелбурн Сити како и на Лигата на Шампионите на УЕФА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK