Пајакот работи со полна пареа: Нови 252 „донатори“ на буџетот на општина Центар

ОБЈАВЕНО НА:

Внимавајте каде паркирате. Може да ви биле ставена канџа или да дојде пајак и да го подигне возилото. Најмалата казна е 1.200 денари....

Проблемот со паркирање во општина Центар во Скопје за многумина е ноќна мора, пред се поради фактот што има се помалку места з апаркирање а многу возила. И во таква ситуација секој се снаоѓа како знае и умее. Се паркира каде што е недозволено, или се „краде“ секој аминута пред да дојде пајакот или луѓето што работат во ЈП Паркинзи во Општина Центар.

Минатата недела биле санкционирани вкупно 252 возачи кои биле непрописно паркирани. Како што информира Општината, во периодот од 8 до 15 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 122 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општината.

Еве колку ќе ве чини ако пајак го земе вашето возило на паркинг простор во општина Центар.

* Преместување на моторни возила со вкупна маса до 2.500 килограми
во депо на Пајак служба 2.500,00
* Преместување на моторни возила со вкупна маса над 2.500 килограми
во депо на Пајак служба 3.500,00
* Отпочнување на преместување на возило со вкупна маса до 2.500
килограми-доаѓање на Пајак возило 1.500,00
* Отпочнување на преместување на возило со вкупна маса над 2.500
килограми-доаѓање на Пајак возило 2.000,00

Ако возилото биде блокирано со механичко средство – блокатор тогаш цената што ќе ј аплатите е 1.200 денари.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ја пушта во употреба новата веб платформа со која сите услуги на претпријатието стануваат достапни и по електронски пат.
сите корисници по креирање на личен профил на веб страницата на ЈП ПОЦ ќе можат по електронски пат да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронска наплата за истите и да изберат како опција договорот и/или картичката, во промотивниот период, бесплатно да им бидат испорачани на домашна адреса. Регистрираните корисници ќе добиваат смс и е-маил нотификации како потсетник за истекување на корисничкиот договор, 30, 15 и 1 ден пред истекот на договорот.

Во низата е-услуги преку новата веб платформа, корисниците ќе можат да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и наплата на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK