Овој Volkswagen Golf R400 е страв и трепет за прекршителите! (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Главниот и одговорен за изработка на ваквиот пресретнувач е тјунингот компанијата Oettinger. Од компанијата така одлучија да ја поддржат добрата страна на законот, па специјално за германската сообраќајна полиција Volkswagen Golf R300 го засили на 400 коњски сили. Од 4-цилиндричниот турбо бензинец освен „голема ергела“ излегува и голем вртежен момент кој е зголемен од 380 Nm на 450 Nm.

Освен искуството на полицајците од прва рака кои ја бараат таа сила, неговиот строг полициски став се гледа однадвор на огромните тркала со Oettinger бандажите и гумите Hankook Ventus S1 Evo.

Што е тјунирање без четири издувни цевки, па иако се работи и за пресретнувач. На задниот крај се гледа со стравопочит затоа што дијаметрите се од голем „калибар“ и нема место за простување на гревот. „Наредникот“ R400 своите должности ги извршува со помош на погон на сите тркала, преку Haldex средната спојка и познатиот DSG автоматик со двојна спојка и шест брзини.

Може да се биде сигурен дека полицајците едвај ќе дочекаат оправдана причина за да стиснат на папучата за гас до крајот. Ова особено кога ќе се запознаат со спецификациите кои ги пишуваат бројките за забрзување до 100 км/ч за 3,6 секунди, а за максимални 290 км/ч ќе мора да се најде многу силно и добро оправдување.

Ова е полициски автомобил кого тјунерите сигурно ќе го обожаваат, барем поради изгледот и силата, а својата презентација ќе има на Essen Motor Show од 1 до 10 декември годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK