Овој автомобил е прогласен за најдобар за кучиња

ОБЈАВЕНО НА:

Секојдневно сме сведоци на најразлични истражувања и анкети поврзани со автомобилите и автомобилизмот. Ова особено се однесува за Велика Британија каде секоја година се спроведуваат најразлични истражувања поврзани со автомобилите, нивната безбедност, доверливост и функционалност.

Последно во низата на истражувања е она што го спроведе англискиот магазин What Car? кој заедно со нивните читатели и кучиња-миленци го одбраа најдобриот автомобил за кучиња.

Во финалниот избор се најдоа шест автомобили од најраззлични ценовни категории кои беа испитувани низ најразлични критериуми од перспектива на кучињата. Во конкуренција на Mazda CX-5, Suzuki Vitara, Skoda Octavia, Skoda Superb, Mercedes E Class и Land Rover Discovery, за најдобар автомобил за кучиња беше избран Mazda CX-5.

Инаку во Велика Британија се регистрирани неверојатни 8.5 милиони домашни миленици па оттука и популарноста на ова истражување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK