Овие земји се со најмногу жртви во сообраќајни незгоди

ОБЈАВЕНО НА:

Со вкупно 35,9 смртни случаи на 100 илјади жители, Либерија е земјата со најмногу жртви во сообраќајот што ја рангира на првата позиција на земји со најмалку безбеден сообраќај.

На втората позиција се наоѓа Демократска Република Конго со 33,7 смртни случаи додека северниот сосед Централна Африканска Република се наоѓа на третата позиција со 33,6 смртни случаи.

Едно место подоле се наоѓа Танзанција со 32,9 смртни случаи, а на топ 10 листата, само една земја не се наоѓа од “Црниот континент”. Станува збор за Тајланд кој е рангиран на позицијата број 5 со 32,7 смртни случаи на 100 илјади жители.

Од шестата до десетата позиција се наоѓаат: Руанда (32,1), Мозамбик (31,6), Того (31,1), Малави (31,0) и Буркина Фасо (30,0).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK