Овие луксузни автомобили имаат најкомфорно возење

ОБЈАВЕНО НА:

Кои луксузни автомобили имаат најкомфорно возење? Последниот тест извршен од страна на Consumer Reports ги открива 10-те луксузни автомобили со најкомфорно возење во САД.

Сите одбрани автомобили беа тестирани на различни патишта во добра и лоша состојба во должина од 48 км. Според претходно дефинираните параметри, најкомфорно возење се покажа дека има S класата на Mercedes. Дури со стандардна суспензија, овој модел заврши на првата позиција, пренесуваат од Consumer Reports.

На втората позиција се наоѓа BMW серија 7, додека на третата позиција уште еден германски ривал, Audi A6. За него, во извештајот пишува дека се однесува премногу цврсти при удари со мали брзини, исто како и кај останатите модели на Audi.

C класата на Mercedes беше оценета со најниска (во ТОП 10) оцена. Но и покрај тоа, во извештајот за овој автомобил пишуваше дека дава возење кое е блиско до идеално кога станува збор за балансирање на перформансите и удобноста.

Целосниот пласман на топ 10-те најкомфорни луксузни автомобили е прикажан во продолжение:

1. Mercedes-Benz S-Class
2. BMW 7-Series
3. Audi A6
4. Lincoln Continental
5. Audi A8
6. Genesis G90
7. BMW 5-Series
8. Cadillac CT6
9. Jaguar XF
10. Mercedes-Benz C-Class

Следете не и на:

24AUTO NETWORK