Ова се возилата со најлош скор на Green NCAP

ОБЈАВЕНО НА:

Green NCAP направи рангирање на возилата кои најмногу загадуваат односно имаат остварено најлош скор, во поглед на еколошките параметри.

Убедливо најмалку зелен автомобил е Fiat Panda опремена со 0,9 литарски Twinair бензински мотор. Ова возила оствари скор од 0,0 во поглед на индексот на чист воздух додека во поглед на индексот на енергетска ефикасност 6,0 од максимални 10,0.

Потоа следи Ford Fiesta, исто така опремена со бензински мотор. Овој автомобил во однос на првиот индекс оствари скор од 1,1 додека во однос на вториот 6,6. Заедно со претходните, и VW Golf опремен со 1,6 литарски TDI мотор е само еден од трите автомобили кои не освоија ниту една ѕвезда на овој тест.

Со по една ѕвезда се Audi A7 Sportback, Subaru Outback и Volvo XC40. Овие возила во споредба со горенаведените три имаат остварено подобар скор во однос на индексот на чист воздух, но далеку полош скор во однос на индексот на енергетска ефикасност.

Причината за тоа е големата потрошувачка на гориво поради моќните мотори.

Сите резултати можете да ги погледнете на следниот линк .

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK