Ова се Топ-10 “најзелени” возила

ОБЈАВЕНО НА:

Nisan LEAF е убедливо “најзеленото” возило, покажуваат резултатите од тестовите спроведени од страна на Green NCAP. Ова електрично возило оствари максимални, пет од пет ѕвезди на тестот остварувајќи скор од 10.0 кај индекост на чист воздух и 8.5 кај индексот на енергетска ефикасност.

Ист скор имаат и електричните BMW i3 и Hyundai Ioniq, па може слободно да се каже дека сите три електирчни возила се на делба на првата позиција.

По нив следи SEAT Arona која е најдобро пласирано возило опремено со бензински мотор. Четири ѕвезди оствари ова возило опремено со 1,5 литарски TSI мотор.

Листата на топ 5 еколошки пријателски настроени возила ја заокружува уште Opel Corsa. И ова возило како и SEAT Arona освои чети ѕвезди, но и во двата индекси оствари послаб скор.

Четири ѕвезди освои и VW Up! на шестата позиција, а по три ѕвезди имаат Skoda Octavia, Mercedes-Benz C Class, Audi A4 g-tron и Renault Scenic.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK