Ова се најпродаваните модели за 2019 година – европјаните ги нема, јапонците доминираат

ОБЈАВЕНО НА:

Вистинска јапонска доминација во однос на најпродаваните модели во светот за минатата година. Дури четири автомобили во топ 5 најпродаваните се на јапонски производители и еден на американски.

Петтата и четвртата позиција се резервирани за два модели на Honda. Станува збор за моделот Civic кој е на позиција број 5 со продадени 817.902 примероци глобално како и моделот CR-V со продадени 823.237 примероци што воедно е и најпродаваниот модел на Honda за минатата година.

На третата позиција се наоѓа Toyota RAV4 чија нова генерација беше претставена на почетокот на минатата година. Овој модел е продаден во 961.918 примероци што воедно го прави и најпродаван SUV модел за минатата година.

Најпродаваното возило во САД, Ford F-Serie се најде на втората позиција во глобални рамки. Иако оствари пад од 1,7% во однос на 2018 година, со продадени 1.070.348 се најде на одличната втора позиција. Претпоставувате, најпродаван модел е моделот Corolla на Toyota кој во сите изведби минатата година е продаден во 1.482.932 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK