Ова се најдобрите 10 семејни кросовери за 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најпопуларните сајтови за автомобилизам AutoCar ги одбра најдобрите 10 кросовери за оваа година. Пространоста, цената, дизајнот, перформансите и останатите технички карактеристики беа параметрите за изборот на овие возила.

Доминацијата на оваа листа ја имаат германските производители. Така три од вкупно 10-те SUV возила се од германскит производители. Станува збор за Audi Q8, BMW X3 и Mercedes-Benz GLC.

Редакцијата на овој британски сајт значајно ги валоризира и домашните производители. Така на оваа листа се наоѓаат и британските Jaguar F-Pace и Land Rover Discovery Sport.

Иако не е премиум производител, сепак поради цената која е и за повеќе од 9 илјади фунти пониска во однос на останатите SUV модели од оваа листа, место во топ 10 има и за Skoda Kodiaq.

На оваа листа место има и за Alfa Romeo Stelvio, Volvo XC60 и Seat Tarraco. Единствен азијски претставник на оваа листа е Mitsubishi Outlander PHEV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK