Ова се најчестите причини за сообраќајки во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за Внатрешни работи секоја година ги објавува статистичките извештаи за претходната година каде меѓу другото се објавуваат најразлични податоци за сообраќајот и сообраќајните прекршоци и незгоди.

Во последниот извештај се наведени и најчестите фактори однсоно причини за предизвикување на сообраќајните незгоди на територијaта на Македонија.

Најчеста причина е брзото возење односно непочитувањето на пропишаната брзина. Овој фактор бил клучен кај 590 од регистрираните сообраќајни незгоди.

Втора причина е непочитувањето на правиалта за првенство на минување. Оваа причина била клучна кај 430 од регистрираните сообраќајни незгоди.

На третата позиција е управувањето под дејство на алкохол која како причина е регистрирана кај 344 сообраќајни незгоди, четири повеќе од недржењето страна и правец на движење. Непрописното движење и свртување пак, е причинител кај 293 од сообраќајните незгоди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK