Ова е првиот електричен автомобил на Aston Martin

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Aston Martin со саемска премиера на моделот Rapide E настапи на саемот во Шангај. Станува збор за првиот електричен автомобил на овој бренд кој Aston Martin го разви заедно со Williams Advanced Engineering, компанија која се погрижи за електричниот погон на овој автомобил.

Овој електромобилот е со два електромотори кои се наоѓаат на задните тркала, а вкупната моќност изнесува 612 коњски сили. Благодарение на моќниот V12 мотор до 100 км/ч овој автомобил има можност да забрза за речиси четири секунди.

Батеријата е со капацитет од 65 киловатчасови и обезбедува можност за поминување на 322 километри со едно полнење според WLTP. На терминал со моќност од 100 киловати полнењето одзема 40 минути.

Во внатрешноста докминира 10 инчниот дигитален дисплеј на кои се покажуваат најразлични информации како што е нивото на батеријата. Тука исто така се наоѓаат и бројни други апликации кои помагаа при возењето.

Според CNN, цената на овој автомобил ќе изнесува 330 илјади американски долари, а во производство влегува во последниот квартал од оваа година. При тоа ќе бидат произведени само 155 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK