Oткриeна „гробница“ за стари „лади“ – во Шкотска! (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Да се открие место каде има многу стари возила, па и Лада и не е некоја вест. Но, доколку тоа место се наоѓа во В.Британија тогаш е сигурно вест, со оглед на тоа што таму управувачот на возилата е на десната страна, а не на левата како во останатиот дле од Европа.

Во предгрдие на градот Глазгов во Шкотска беше откриено место кое е вистинска „гробница“ за неколку стари „лади“ со волан на десната страна. На фотогрфиите може да се видат полураспаднати возила Niva и Samara меѓу кои и хечбек од ограничената серија Sedona во ретката златна боја.

ВАЗ почна да го извезува автомобили во Англија и Шкотска во 1974 година. Советските автомобили се продавале доста добро, а во 80-тите е достигнат продажба од десетици илјади примероци.

После распадот на Советскиот сојуз интересот на Британците за продукцијата од Тољати драстично опаѓа. Возилата Lada со волан на десна страна се продаваат многу потешко и во 1997 година АвтоВАЗ зазема решение да се повлече од пазарот на островот.

Денес во Англија и Шкотска скапуваат илјадници советски автомобили, кои имаат локални симпатизери. Отпадот општо земено единствниот извор за резервни делови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK