Откриен изгледот на новата серија 1 на BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 27 мај, BMW на својот Instagram профил објави тизер фотографија на која јасно се гледа предниот дел на автомобилот. Од тизер фотографијата може да се заклучи дека изгледот е идентичен на фотографиите кои се појавија на интернет минатиот месец, при што не се аплицирани драстични екстериерни измени.

Од претходно е познато дека овој модел ќе се темели на FAAR платформата која се користи и кај неколку други BMW модели. Погонот ќе биде на предните тркала, а во понудата ќе има неколку бензински и дизелски мотори.

Цените не се познати, а се очекуваат да бидат откриени во септември кога овој модел ќе го има своето саемско деби во Франкфурт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK