Освежениот Golf нуди нов пакет – R-Line

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаено сме навикнати кај Golf да има три нивоа на опременост, но сега се нуди атрактивен пакет на опрема заедно со стандардниот пакет и двете каросериски варијанти. Ова сигурно ќе им се допадне на оние кои пред перформансите сепак на прво место го ставаат изгледот.

Гледано од надвор, R-Line го издвојува моделот по редизајнираните браници, црни облоги на праговите, новиот заден спојлер во боја на каросеријата, и редизајниран заден дифузер од каде ѕиркаат двојни трапезоидни завршетоци од издувниот истем. Тука се и задолжителните ознаки R-Line на маската на ладилникот и над предните тркала.

golf-r-line2

Покрај R-Line пакетот Volkswagen им нуди на купувачите и две дизајнерски опции на алуминиумски бандажи кои се достапни во две димензии со 17 и 18 инча.

Во внатрешноста овој R-Line пакет е препознатлив по тоа што е со кожа обложен спортскиот управувач и рачката на менувачот. Има облоги на праговите кај вратите, папучите за гаста и наслон за левата рака направени од челик што не `рѓа.
Користен е и конец со различна боја кај тепихот, управувачот и панелите на вратата и таблата, рачката на менувачот и рачната сопирачка.

golf-r-line1

За R-Line пакетите во Германија се бараат меѓу 1.105 и 1.295 евра, во зависност од стандардната опрема што постои, а ако купувачот сака „целосен третман тогаш цената е од 1.800 до 2.295 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK