Остана без возачка откако снимал како вози 265 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

ТикТок лудориите се присутни насекаде, а надлежните служби имаат полни раце работа во следењето на оваа социјална мрежа и санкционирањето на сите оние кои прекршуваат некои од законите.

Не само во Македонија, проблем со тинејџерите и ТикТок имаат и холандските власти. Така еден 20 годишник од градот Хеило објавил дури 40 видео записи на ТикТок во кои ја надминува дозволената брзина.

На автопатите во Холандија максимално дозволената брзина изнесува 100 однсоно 130 км/ч, а 20 годишникот објавувал видеа на кои се гледа како вози од 190 км/ч па се до 265 км/ч што е двојно повеќе од дозволената брзина.

По ова експресно следеше реакција од полицијата која не само што му издаде платен налог од неколку илјади евра туку остана и без возачка дозвола.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK