Opel со видео најава за новата Astra

ОБЈАВЕНО НА:

Во исчекување на официјалната премиера на новата генерација на Astra, Opel со официјално видео ја подгреа атмосферата за долгоочекуваната нова Astra.

На краткото видео именување на “Редефинирање на правилата” повторно е прикажан овој маскиран автомобил без при тоа да се откриваат детали. Но тоа и не е некој недостаток бидејќи досегашните тизер фотографии наведуваат дека новата генерација ќе ја следи дизајнерската филозофија аплицирана кај новата генерација на Mokka.

Инаку новата генерација на Astra се темели на EMP2 платформата која се користи кај новата генерација на Peugeot 308. Ќе задржи неколку мотори од актуелната понуда, но ќе биде достапен и во целосно електрична верзија со што ќе се приклучи на електричните Moka и Corsa-e.

Новата Astra ќе се произведува во Риселсхајм, каде ќе се произведува и втората генерација на моделот DS4, а во производство се очекува да влезе кон крајот на оваа календарска година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK