Opel Insignia со мали измени и нови PSA мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Во очекување на рестилизираната изведба на Opel Insignia, на интернет се појавија и првите информации поврзани со овој модел на Opel.

Од фотографиите кои се појавија на интернет, а беа направени за време на тестирањето на овој модел, може да се види дека најголемите измени и не се толку големи. Благи промени на маската на ладилникот и предните светла проследени со минимални измени на задните светло – од ова и не треба да се очекува многу радикални промени.

Сето тоа е сосема нормално бидејќи не станува збор за нова генерација туку само фејслифт на актуелната генерација од 2017 година. Без посериозни промени е и внатрешоста која е идентична како и актуелниот модел, со мали измени на седиштата.

Она што е навистина новитет се моторите кои ќе бидат дел од понудата на Opel Insignia. Како што се пишува Insignia најверојатно ќе добие дел од моторите кои во моментов се понудени кај Peugeot 508.

Инаку овој модел Opel за прв пат го воведе во 2008 година. При тоа првата генерација во понудата беше се до 2017 година кога беше заменета со втората генерација. Покрај во Европа, овој модел е достапен и во Австралија и Нов Зеланд под брендот Holden и САД и Кина под брендот Buick.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK