Вoлaнитe нa Аudi А3 S-Linе се хит кај крадците

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Холандија соопштува за вистински бран на кражби на волани во последните денови. На удар се воланите на Аudi А3 cо пaкeт S-Linе, a жалби има од градовите Ротердам, Берксенхук и Блајксвејк.

Според полицијата не може да санува збор за инцидентни случаи.

Се работи за кражби кои се насочени кон конкретен модел на Аudi со спортски волан, што ја исклучува хипотезата дека целта на крадците се воздушните перничиња.

Заедничко меѓу сите кражби е и тоа дека ништо друго во автомобилите, со исклучок на скршените стакла, не е чепкано иако пакетот S-Linе нуди и други „трофеи“ како бандажи, седишта и браници.

Полицијата бара сведоци и снимки од видео камери за да им влезе во трага на крадците.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK