Официјално! Малиот Jeep во производство од следната година

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на годинава се појавија информации за тоа дека Alfa Romeo, Fiat и Jeep ќе лансираат нови, мали кросовер модели. Сега официјално е потврдено дека таквиот мал кросовер под брендот на Jeep во производство ќе влезе следната година.

Изгледот не е воопшто познат. Она што се знае е дека се развива под кодната ознака Project 516, а ќе се темели на CMP платформата. Во понудата на американскиот производител, овој нов кросовер ќе се позиционира под моделот Renegade, што значи дека должината ќе биде не поголема од 4,1 метри.

Оваа вест доаѓа откако бразилските медиуми ги објавија првите фотографии од новиот мал кросовер на Fiat кој ќе започне да се произведува во Бразил уште од оваа година, а кој исто така ќе биде дел од европската понуда на Fiat. Тој модел исто така ќе се темели на CMP платформата, а во Тичи ќе започне да се произведува кон крајот на следната, но не подоцна од првиот квартал од 2023 година.

Покрај малите кросовери на Jeep и Fiat, во полски Тичи ќе се произведува и малиот кросовер на Alfa Romeo. Истиот се очекува да го носи називот Brennero, а во понудата на италијанскиот бренд ќе биде достапен од 2023 година, откако претходно ќе биде претставен моделот Tonale.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK