Одложена премиерата на електричниот Volkswagen ID. 4

ОБЈАВЕНО НА:

Иако првично требаше премиерата да ја има на саемот во Њујорк во април, Volkswagen ја одложи премиерата на моделот ID. 4, потврдуваат од производителот. Причината за оваа одлука не е позната, а се претпоставува дека премиерата ќе биде спроведена неколку месеци подоцна, на саемот во Детроит.

Инаку овој модел како и ID.3 се темели на новата модуларна MEB платформа развиена од страна на Volkswagen Групацијата, а во поглед на димензиите е за малку поголем.

Ќе располага со два електрични мотори и погон на сите четири тркала. Предниот мотор се очекува да развива моќност од 102 КС додека задниот од 204 КС. При тоа батеријата би имала капацитет од 93 kWh.

Ценат на овој модел останува непозната и се очекува да биде откриена на самата премиера кога ќе бидат достапни повеќе технички информации.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK